Сафронков и Лиу: Да се избегне воена интервенција во ситуацијата со Северна Кореја

Заменик амбасадорот на Русија во ОН Владимир Сафронков и кинескиот амбасадор Лиу Џиеи денеска пред Советот за безбедност на ОН изјавија дека воената интервенција не е опција во ситуацијата со Северна Кореја, откако оваа земја ја лансираше својата прва интерконтинентална балистичка ракета.
-Треба да се избегне можноста за воена интервенција за решавање на проблемот на Корејскиот Полуостров, нагласи Сафронков, наведувајќи дека ја поддржува идејата Северна Кореја и Јужна Кореја да почнат дијалог и консултации.
Тој истакна дека е неприфатливо да се прави обид за економско „задушување“ на Северна Кореја и дека санкциите нема да го решат проблемот.
Лиу пред СБ на ОН посочи дека воената акција „не е опција“, додавајќи дека Кина отсекогаш била против хаосот и конфликтот на Корејскиот Полуостров.
Откако Северна Кореја лансираше интерконтинентална балистичка ракета, САД се заканија дека ќе употребат сила „доколку бидат принудени“ со цел да ја прекинат ракетната програма на земјата, меѓутоа САД, исто така, соопштија дека, преферираат глобална дипломатска интервенција, наместо воена операција.
Ново на Сител
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
