-->
-->
Саемот на книга од 8 до 14 мај
-->

Во ВИП Арената „Борис Трајковски“ од 8 до 14 мај ќе се одржува 31. Саем на книгата, на кој годинава земја во фокусот е Унгарија, а ќе учествуваат и издавачки куќи од
Србија, Косово и Албанија. Покрај понудата на изданија со саемски попусти, планирани се и промоции и средби со автори.
-Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата, очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата 2019. Саемската манифестација која, пред сè, го слави читањето, ќе се одржува од 8 до 14 мај. Имајќи го во предвид националниот интерес и значење на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура, изјави Сања Кондарко, проект-менаџер на Саемот на книгата.
Организаторите очекуваат голема посетеност како и минатата година кога на оваа манифестација, која лани првпат се одржа во ВИП Арената „Борис Трајковски“, имаше рекордни околу 45.000 посетители.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер
-
„Покемон“ новитети: „Поке-бол“
-
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата
-
Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција
-
Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница
-
Мартинез: Роналдо дава сѐ од себе, но нема долгорочни цели
-
Евробаскет 2025: Грција противник на Турција во полуфиналето
-
Станиќ: Примивме гол од невнимание