Саем за вработување во Струмица
Триесет компании ги претставија своите понуди на пазарот на трудот, како и условите кои ги нудат за работа, обука или пракса на Саемот за вработување во Струмица што денеска го организира Агенцијата за вработување на Република Македонија.
- Од претходните искуства може да кажам дека токму саемското претставување донесе повеќе пополнети работни места и договори за вработување. Очекуваме дека и денешниот саем ќе го има истиот ефект. Генерален заклучок е помало присуство на невработените лица иако беа информирани со смс-порака за саемот, рече Павлина Ѓоргиева, директор на Агенцијата за вработување, Струмица.
Ова, додаде, е одлична можност компаниите да ја претстават својата понуда, а барателите да се обидат да дојдат до вработување, како и да се види кои се најбарани позиции во југоисточниот регион.
Саемот за отворен го прогласи, директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
- Компаниите и барателите на работа преку директна комуникација може заеднички да го најдат она што им треба. Посакувам ова да биде успешно саемско претставување и овие форми за намалување на невработеноста да продолжат и во иднина, рече Поповски.
Струмица е еден од шесте градови опфатени со третиот циклус саеми за вработување што треба да заврши во Скопје.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија
-
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски
-
Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул
-
Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад
-
Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико