Бизнис
5. October 2018 - 9:34

Саем за вработување и Пазар на идеи во Охрид

Општина Охрид заедно со Друштвото за производство, трговија и услуги О3 Инвест Скопје денеска организира Саем за вработување и Пазар на идеи.  

Настанот на едно место ќе ги собере работодавачите и професионалците од различни сектори со барателите на работа.  

- Саемот е одлична можност за меѓусебно претставување и комуникација на организациите и комапниите, како и нивно запознавање. Претставени ќе бидат условите што би требало да ги поседуваат кандидатите за вработување или за практикантска работа, велат организаторите.