-->
-->
Саем за високо образование во САД
-->
Повеќе од 700 средношколци и студенти го посетија Саемот за високо образование во САД, кој се одржа денеска во Скопје, во организација на Американската амбасада во Македонија.На саемот претставници од единаесет високообразовни институции ги презентираа академските програми за додипломски, постдипломски и докторски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош.
Американскиот амбасадор Џес Бејли, рече дека и самиот својата кариера ја почнал со одење на студентска размена во странство, што му го отворило светот.
- Верувам дека образование во странство, навистна може да ти го отвори светот, не само за образовни можности, туку и за други искуства што вистински те прават граѓанин на светот. Тоа е важно во овој глобализиран свет и се надевам дека македонските талентирани студенти ќе ја искористат можноста, изјави Бејли.
Посочи дека сите заинтересирани ученици, особено оние што не дошле на саемот, може да добијат совети и информации за студирање во САД и од советниците во американските катчиња низ земјава.
- Тоа е комплициран процес, малку поинаков од исксутвата во Македонија и Европа. Затоа секој што е заинтересиран за студирање во САД треба да ги контактира EducationUSA за добивање на совет, кој е бесплатен, рече Бејли
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
