-->
-->
Саем за високо образование во САД
-->

На саемот претставници од единаесет високообразовни институции ги презентираа академските програми за додипломски, постдипломски и докторски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош.
Американскиот амбасадор Џес Бејли, рече дека и самиот својата кариера ја почнал со одење на студентска размена во странство, што му го отворило светот.
- Верувам дека образование во странство, навистна може да ти го отвори светот, не само за образовни можности, туку и за други искуства што вистински те прават граѓанин на светот. Тоа е важно во овој глобализиран свет и се надевам дека македонските талентирани студенти ќе ја искористат можноста, изјави Бејли.
Посочи дека сите заинтересирани ученици, особено оние што не дошле на саемот, може да добијат совети и информации за студирање во САД и од советниците во американските катчиња низ земјава.
- Тоа е комплициран процес, малку поинаков од исксутвата во Македонија и Европа. Затоа секој што е заинтересиран за студирање во САД треба да ги контактира EducationUSA за добивање на совет, кој е бесплатен, рече Бејли
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции