-->
-->
Саџид Џавид ќе го замени Мет Ханкок на чело на Министерството за здравство во Британија
-->
Поранешниот британски министер за финансии Саџид Џавид ќе го замени Мет Ханкок на чело на Министерството за здравство, соопшти кабинетот на премиерот Борис Џонсон.
Џавид минатата година поднесе оставка од функцијата министер за финансии, откако одби да замени тим на свои политички советници на барање на Џонсон.
Лондонскиот весник „Гардијан“ во февруари минатата година објави дека премиерот, со цел да ја преземе контролата врз државната каса, побарал од неговиот тогашен министер за финансии, Саџид Џавид, да ги замени сите свои советници.
Џавид одби да го стори тоа, велејќи дека ниту еден министер не може да прифати такво барање и поднесе оставка, а на негово место беше назначен неговиот заменик Риси Сунак, лојален на премиерот Борис Џонсон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума