Свет
6. February 2017 - 9:13

ОН: САД, Велика Британија и Украина блокираа осуда за нападот врз руската Амбасада во Дамаск

САД, Велика Британија и Украина блокираа соопштение на Советот за безбедност на ОН со која се осудува гранатирање на руската Амбасада во Дамаск во почетокот на февруари.

Тоа за Тасс го изјавил неименуван извор од седиштето на ОН.

– Соопштението е блокирано од САД, Велика Британија и Украина, навел изворот. МНР на Русија претходно соопшти дека руската Амабсада во Дамаск била двапати гранатирана, на 2 и 3 февруари.

– Нападот беше извршен од квартот Џобар што е под контрола на терористите, соопшти руското МНР.