САД тврдат дека Русија распоредила уште 7.000 војници на границата со Украина
САД тврдат дека Русија го зголемила бројот на војници на границата со Украина за 7.000, и покрај изјавите на Кремљ за повлекување на војската.
Неименуван висок функционер на американската администрација изјави за Асошиетед прес дека Русија продолжува да шири лажни тврдења што може да ги искористи како изговор за инвазија, пренесува Бета.
Како пример, тој ги наведе извештаите на Кремљ за гробовите на цивилите наводно убиени од украинските сили, тврдењата дека САД и Украина развиваат биолошко и хемиско оружје и дека Западот испраќа герилци да убиваат Украинци. Тој не понудил никаков доказ за ваквите тврдења.
Руското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека повлекува дел од војниците по воените вежби кои предизвикаа стравувања од неизбежна инвазија на Украина, и објави видео на кое силите наводно го напуштаат Крим како доказ.
„Не видовме повлекување“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен за Еј-би-си њуз. Тој изјави дека војската е на границата и дека рускиот претседател Владимир Путин „може да го повлече чкрапалото денес, утре или следната недела“.
Maxar Technologies, комерцијална компанија за сателитски снимки која го надгледуваше трупањето на руската војска, рече дека новите фотографии покажуваат зголемена руска воена активност во близина на Украина, вклучително и изградба на понтонски мост во Белорусија на помалку од шест километри од украинската граница.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани