САД: Трамп победник во Јужна Каролина, Клинтон во Невада
Милијардерот Доналд Трамп обезбеди победа со 32,2 отсто гласови на првичните избори на Републиканската партија во американската држава Јужна Каролина.
На второ место е сенаторот од Флорида, Марко Рубио со 22,5 отсто гласови. Сенаторот од Тексас, Тед Круз доби 22,3 отсто гласови. На четврто место со 7,8 отсто гласови е поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш кој се повлече од предизборниот натпревар.
Демократскиот кандидат за претседтаел на САД Хилари Клинтон однесе тесна победа во американската држава Невада над својот соперник Берни Сандерс.
По 57 отсто преброени гласови, Клинтон води со 52 отсто додека Сандерс доби 48 отсто. Победата на Клинтон во Невада навестува дека трката за номинација на демократски претседателски кандидат може да биде долга и неизвесна, наведуваат западни медиуми.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција