Свет
9. February 2017 - 8:28

САД создаваат рускојазичен глобален тв-канал

Два американски медиума финансирани од американската Влада создаваат глобална телевизиска мрежа на руски јазик како алтернатива на медиуми под контрола на Кремљ.

Новиот глобален тв-канал ќе се вика Карент тајм (Current time) и ќе се раководи од базираното во Прага радио Слободна Европа со помош на вашингтонски Глас на Америка.

Новиот канал ќе почне со работа оваа недела иако веќе емитува програма од лани. Според американски медиуми, програмата на Карент тајм е насочена кон луѓе од руско јазично подрачје предлагајќи им „вести базирани на факти“ кои недостигаат на рускиот медиумски пазар. Тв каналот ќе емитува во Европа преку кабел, сателит и по интернет.