САД соопштија дека Иран е „длабоко вклучен“ во нападите врз трговските бродови во Црвеното Море
Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето операции против трговските бродови во Црвеното Море, а неговото разузнавање игра клучна улога во способноста на јеменските бунтовници Хути да напаѓаат бродови, соопшти денеска Белата куќа.
Хутите поддржани од Иран, кои велат дека ги извршуваат своите напади за поддршка на Палестинците во Газа, ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море со беспилотни летала и проектили, принудувајќи ги бродските компании да ги пренасочуваат бродовите, одејчи по подолгата рута околу Ртот Добра надеж.
– Знаеме дека Иран е длабоко вклучен во планирањето операции против трговскиот брод во Црвеното Море. Ова е во согласност со долгорочната политика на Иран за поддршка и охрабрување на дестабилизирачките активности на Хутите во регионо“, рече портпаролката на Советот за национална безбедност при Белата куќа Адриен Вотсон.
– Ова е меѓународен предизвик кој бара колективна акција, додаде Вотсон.
Иран негира вмешаност во нападите на Хутите во Црвеното Море.
Ново на Сител
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари
-
Американската влада ја прогласи Антифа за „домашна терористичка организација“
-
Премиерот Мицкоски во посета на Штип
-
Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“
-
Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН