-->
-->
САД со нови санкции против Русија
-->
САД денеска ќе воведат нови санкции против Русија во обид да ја одбележат втората годишнина од руската инвазија врз Украина, изјави заменикот-секретар за финансии на САД, Воли Адејемо.
Тој истакна дека со санкциите ќе бидат таргетирани 500 цели, односно цели кои треба да бидат предмет на санкции.
– Акцијата, преземена во партнерство со други земји, ќе ги таргетира руските воено-индустриски комплекси и компании во трети земји кои го олеснуваат пристапот на Русија до стоките што ги сака.
Ќе воведеме стотици санкции само овде во САД, но важно е да се запамети дека не е само Америка таа што презема акција, посочи Адејемо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во период од шест часа 169 сообраќајни прекршоци на подрачје на СВР Тетово и СВР Куманово
-
Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса
-
Приведен возач од Злетово, управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-
Без активно жариште пожарот на Халкидики – на Крит сè уште активен
-
Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски
-
Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните
-
Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори вредни околу 27 милијарди долари
-
Рекордна потрошувачка на вода во Скопје – „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење