САД се заложија за зајакнување на офанзивата против ИД
САД повикаа за поцврста соработка меѓу сојузниците во борбата против Исламска држава, како и да се изврши поголем притисок врз таа екстремистичка организација на глобално ниво.
Во Стејт департментот беше одржан состанок на специјалниот американски пратеник на меѓународната коалиција, која ги бомбардира позициите на ИД во Сирија и Ирак, Брет Мекгарк и потпретседателот Џозеф Бајден со претставници на 65 земји-членки на коалиција, вклучувајќи ги и Франција, Италија, Турција и Либан.
Состанокот е одржан по серијата напади во Париз, Анкара, Багдад, Бејрут, за кои одговорноста ја презеде ИД.
- Коалицијата е обединета во одлучноста да се стави крај на злото, кое ИД го донесе во регионот и пошироката светска заедница. И натаму силата ќе ја бараме во нашата различност и нема да ја прифатиме целта на ИД да се користи со терор за да не подели, соопшти Стејт департментот.
Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ќе разговара со американскиот претседател Барак Обама, а потоа во четврток ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови