САД се вклучуваат во операцијата на НАТО во Егејското Море
САД изразија подготвеност да се вклучат во операцијата на НАТО во Егејското Море, насочена кон пресекување на патот на илегалните мигранти кон ЕУ, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи од Алијансата.
- Лекцијата што научивме од операцијата во Егејското Море е дека можеме да придонесеме со средствата со кои располагаме. Ни се придружија сили од Канада, и изразена е подготвеност за вклучување на САД. НАТО обезбедува политичка платформа за соработка, и претставува важен канал за собирање на информации, кои ќе бидат искористени од меѓународната коалиција против „Исламска држава", појасни Столтенберг.
Тој изјави дека што се однесува на Либија, не биле усвоени решенија, но продолжува подготовката за обезбедување на поддршка од Алијансата за надградба на новите локални сили за безбедност и институции. Тој истакна дека таква помош ќе им биде дадена доколку добијат покана од либиската влада. Не станува збор за воена операција, но кога зборуваме за испораки на оружје за Либија, прашањето за постоење силни локални институции е уште поважно, посочи Столтенберг по повод инсистирање на новите либиски власти за укинување на ембаргото за оружје и повторно вооружување.
Министрите за надворешни работи од НАТО разговарале и за проширување на операцијата на Пактот во Средоземното Море, во соработка со ЕУ. Меѓу целите на проширената операција ќе биде обезбедување на слободно пловење и борбата против тероризмот.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството
-
Фетаи добил закани по живот
-
Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
-
Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
-
Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам