САД сакаат вакцинирање на лицата кои биле во контакт со заболени од мајмунски сипаници
– Здравствените власти во САД се подготвуваат да ги вакцинираат луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, во време кога државата која во моментов има пет веројатни или потврдени случаи на инфекција очекува тој број да се зголеми.
– Сакаме да ја максимизираме дистрибуцијата на вакцини на оние за кои знаеме дека ќе имаат корист, изјави Џенифер Меквистон од Центарот за превенција и контрола на болести.
– Станува збор за луѓе кои биле во личен близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, а особено луѓе кои се изложени на ризик да развијат потешка форма на болеста, рече таа на прес-конференција.
Еден случај е потврден во државата Масачусетс, а четири се анализираат, но се сметаат за многу веројатни, еден во Њујорк и Флорида и два во Јута. Сите случаи се кај мажи кои патувале надвор од САД.
Ново на Сител
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино