САД: Републиканците и демократите се договорија за санкции кон Русија

Претставници на републиканците и на демократите во американскиот Конгрес објавија дека постигнале договор за поширок пакет санкции кон Русија, со што сакаат да ја казнат Москва за наводното мешање во минатогодишните претседателски избори во САД, како и за руската воена агресија во Украина и во Сирија.
Вториот по хиреархија конгресмен во Демократската партија во Претставничкиот дом, Стени Хојер од Мериленд изјави дека се усогласени сите прашања за законот, кој покрај санкциите за Русија, опфаќа и економски казни за Иран и за Северна Кореја.
- Обезбедено е мнозинството (републиканците) и малцинството (демократите) да бидат во состојба да набљудуваат како администрацијата (на претседателот Доналд Трамп) ги применува санкциите, посочи Хојер.
Претсатвничкиот дом на Конгресот за законот ќе гласа во вторник.
Ново на Сител
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
