САД: Рекорден буџетски дефицит во април

САД соопштија за рекорден буџетски дефицит од 738 милијарди долари, во април годинава, предизвикан од огромни издвојувања на владата и драстично намалените приливи во државните каса за време на пандемијата на коронавирусот.
Министерството за финансии на САД соопшти дека буџетскиот дефицит во април е вистински ран показател за огромните издвојувања на владата, насочени кон ублажување на влијанието на пандемијата на коронавирусот врз американската економија.
Американскиот Конгрес досега одобри 3.000 милијарди американски долари пакет економска помош за американското стопанство, а некои од првите мерки требаше да бидат исплатени во април.
Државата приходувала 242 милијарди американски долари во април, што е намалување од 55 проценти во однос на истиот период минатата година.
Ново на Сител
-

„Оне Македонија телекомуникации“ формално стана трет мобилен оператор
-

Стопанската комора даде поддршка на Усје - од компанијата велат нема основ за нивна дислокација
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
