САД разгледуваат можност да и испорачуваат оружје на Украина
Американакит специјален пратеник за Украина, Курт Вокер во изјава за Би-Би-Си тврди дека Вашингтон „интенивно ја разгледува можноста“ за испорака оружје на Украина, како помош во нехазината борба со проруските сепаратисти.
Според Вокер, вооружувањето на украинската армија би можело да влијае врз однесувањето на Москва и нејзината подршка за сеператиситие.
Тој не верува оти таквиот потег на САД би можел да се протолкува како провокација.
- Дефанзивното оружје може само да и помогне на Ураина да се брани, како и да се запрат руските закани, изјаву Вокер за Би-Би-Си.
Новиот специјален американски пратеник верува дека успешното воспоставување мир во Источна Украина би можело да им помогне на САД за постигнување „нов стратешки договор со Русија“.
Според податоците со кои располага ОН, во досегашните судири во двата источни сепаратистички региони во Украина и при руската анексија на Крим, загинале повеќе од 10.000 лица, додека 1,6 милиони се раселени.
Во февруари 2015 година, во белорускиот главен град Минск беше договорен прекин на огнот во источна Украина и утврдени услови за надминување на конфликтот, но тие засега не се исполнети.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата