САД разгледуваат царини од 100 отсто на повеќе производи од ЕУ
САД разгледуваат воведување 100 проценти царини за голем број европски производи што претходно беа ослободени од таквите давачки од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, а цел се меѓу останатите – ирско и шкотско виски и коњак.
Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (УСТР) во четвртокот објави список на дополнителни стоки на ЕУ на кои може да воведе нови царини, како резултат на конфликт поврзан со субвенционирање на европскиот производител на авиони „Ербас“, објави Си-Ен-Би-Си.
Вашингтон веќе воведе тарифи од 10 проценти за големите цивилни авиони и 25 проценти за земјоделските производи од Европа во октомври, и објави повеќе списоци на европски производи во вредност од повеќе од 10 милијарди долари секоја година што би можеле да бидат под казнени царини.
Сега УСТР почна јавна расправа за да се добие мислење дали да се подигнат царинските давачки на тие стоки на 100 проценти, проширувајќи го списокот на некои производи што Белата куќа ги иззема во октомври. Новите артикли, доколку се додадат, исто така ќе бидат царинети по стапка до 100 проценти.
Меѓу многуте нови производи што се разгледуваат се алкохолни пијалоци од Европа, како што се виски и коњак, шпанско маслиново масло, француско сирење, германски ножеви, португалски филети од риби …
УСТР даде рок до јавен коментар за новите тарифи до 13 јануари, додава Си-Ен-Би-Си.
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“