САД потврдија дека Ал Аднани е убиен во воздушен напад
Американската војска потврди дека воздушниот напад во северна Сирија минатиот месец, чија цел беше портпаролот на Исламска држава Абу Мохамад ал Аднани, беше успешен, изјави денеска анонимен претставник на Пентагон, јави Танјуг.
- Можеме да потврдиме дека Ал Аднани е мртов, рече истиот извор.
Анонимен претставник на Пентагон уште на 30 август потврди дека САД извршиле воздушен напад, чија цел бил Ал Аднани, по што ИД објави дека тој е убиен.
Руското Министерство за одбрана на 31 август соопшти дека Ал Аднани е убиен во воздушен напад на руските сили.
Ал Аднани е Сириец од сирискиот град Идлиб, кој се заколнал на верност на ИД, пред повеќе од десет години, наведе Институтот Брукингс, нагласувајќи дека еднаш тој е уапсен од американските сили во Ирак.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва