САД посредува во мировните преговори меѓу Тајланд и Камбоџа во Малезија
Премиерите на Тајланд и Камбоџа денеска треба да допатуваат во Малезија за мировни разговори во обид да се реши конфликтот околу долготрајниот граничен спор, јави ДПА.
Портпарол на тајландското Министерство за надворешни работи го потврди доаѓањето на делегациите, но не даде дополнителни детали.
Засега не е потврдено дали тајландскиот вршител на должност премиер Фумтам Вечајачај и камбоџанскиот премиер Хун Манет ќе се сретнат лично.
Воените сили на двете земји неодамна влегоа во судир поради граничниот спор, но причините за ескалацијата сè уште не се разјаснети.
Малезија оваа година претседава со Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН). Премиерот на Малезија, Ануар Ибрахим, веќе разговарал со лидерите на двете земји и понудил да посредува во решавањето на спорот.
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека делегација од Стејт департментот се наоѓа во Малајзија за да помогне во мировниот процес. Според соопштението, и претседателот Доналд Трамп и Рубио оствариле директни разговори со лидерите и министрите за надворешни работи на двете земји.
„Сакаме овој конфликт да заврши што е можно побрзо. Американски претставници се тука за да го поддржат процесот на мир“, изјави Рубио.
Трамп вчера изјави дека верува оти Тајланд и Камбоџа се подготвени да ги надминат разликите, откако им порачал дека САД нема да склучи трговски договори со нив доколку не ги прекинат судирите.
МИА
Ново на Сител
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот