Свет
22. August 2017 - 8:55

САД поддржуваат преговори меѓу Авганистан и талибанците без претходни услови

САД се подготвени да поддржат мировни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанското движење без однапред определени услови, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, откако претседателот Доналд Трамп објави нова стратегија за Авганистан.

- Ние сме подготвени да поддржиме мировни преговори межу Владата во Авганистан и талибанското движење без какви било претходни услови. Очекуваме меѓународната заедница, на прво место соседите на Авганистан, да се приклучат кон нашата поддршка за тој мировен процес, нагласи Тилерсон.

Според него, новата стратегија на Вашингтон целосно се разликува од претходната, која беше заснована на „вештачки создадени крајни рокови“ за исполнување на определени задачи.