-->
-->
САД планираат санкции за Русија поради поддршката кон Мадуро
-->

Американските власти планираат санкции кон Русија поради поддршката за претседателот Николас Мадуро, изјави американскиот претставник задолжен за Венецуела, Елиот Абрамс.
– Разгледуваме каква улога има Русија и нема да дозволиме поддршка (за Венецуела) без реакција, рече Абрамс, додавајќи дека се планираат санкции за руски организации и поединци.
САД воведоа серија санкции кон Венецуела по претседателските избори во 2018 година, на кои победи Мадуро. Опозицијата поддржана од САД не ги признава тие изборни резултати.
Абрамс призна дека САД досега ја „потцениле“ поддршката на Русија и Куба за Венецуела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
