Свет
6. April 2017 - 8:26

САД планираат да постават модерен систем за ПВО во Јужна Кореја

Советникот на американскито претседател Доналд Трамп за прашања од националната безбедност, Херберт Рејмонд Мамастер потврди за постоење планови на САД да распоредат модерен систем за ПВО во Јужна Кореја.

Макмастер разговарал со јужнокорејскиот колега за да разгледаат новиот инцидент вчера со истрелање ракета од Северна Кореја и претстојната средба на претседателите на Кина и на САД.

САД имаат намера во Јужна Кореја да распоредат систем за ПРО – ТХААД со цел неутразлизирање на заканата од страна на Северот.