САД одбележуваат 14 години од терористичките напади на 11 септември

САД денеска одбележуваат 14 години од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, во кои загинаа 2.977 лица.
Во рамки на одбележувањето на годишнината од терористичките напади, американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети воената база во местото Форт Мид во Мериленд.
Портпаролот на Белата куќа Ерик Шулц изјави дека Обама ќе разговара со припадниците на војската, кои секојдневно се грижат за безбедноста на земјата.
Главната церемонија, како и во претходните години, ќе се одржи во Националниот меморијален центар, што се наоѓа на местото на некогашниот Светски трговски центар, со што ќе се одбележи сеќавањето на уривањето на двете „кули близначки“, нападот врз Пентагон и падот на авионот во Пенсилванија на 11 септември 2001 година.
Оддавањето почит на жртвите во Меморијалниот центар вклучува и читање на имињата на настраданите во нападите во 1993 и 2001 година, додека вечерва два снопа сина светлина ќе бидат вперени кон небото за да потсетат на урнатите кули на Светскиот трговски центар.
Ново на Сител
-

ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
-

Приведен 43 годишен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско
-

ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните
-

Трамп го нападна Сенатот поради изгласаната резолуција против продолжувањето на војната против Иран
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
