-->
-->
САД очекуваат да примат најмалку 50.000 Авганистанци
-->
– Најмалку 50.000 евакуирани Авганистанци треба да бидат примени во САД по падот на Кабул во рацете на талибанците, изјави американскиот министер за безбедност, Алехандро Мајоркас.
Мајоркас рече дека приемот на Авганистанците е дел од „трајната посветеност“ на Вашингтон кон луѓето кои им помогнаа на Американците за време на војната во Авганистан и другите кои беа загрозени поради доаѓањето на талибанците на власт. Повеќе од 40.000 Авганистанци веќе ги поминаа безбедносните проверки и пристигнаа во САД. Се уште не е точно познато уште колку ќе дојдат во САД или колку време ќе трае процесот на нивно префрлање од други земји, кои привремено ги прифатија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
