САД: Нема разговори за мировната спогодба со Пјонгјанг
САД го одбија предлогот на Северна Кореја да разговараат за мировната спогодба со која конечно ќе се стави крај на Корејската војна, бидејќи со неа нема да се опфати денуклеаризацијата на полуостровот, соопшти Стејт департментот.
Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби ова го изјави реагирајќи на пишувањето на „Волстрит Џурнал“ дека Белата куќа во тајност се согласила на мировни преговори пред последното тестирање на нуклеарна бомба од страна на Пјонгјанг.
Весникот, повикувајќи се на анонимни американските претставници наведе дека САД барале една од темите на разговори да биде нуклеарната програма на Северна Кореја, но Пјонгјанг го одбил тоа барање.
- Да биде јасно Северна Кореја предложи разговори за мировната спогодба. Внимателно го разгледавме предлогот и јасно ставивме до знаење дека денуклеаризацијата мора да биде дел од тие разговори. Северна Кореја го отфрли нашиот одговор, рече Кирби.
Корејската војна (1950-1953 година) е завешена со примирје, но не и со мировен договор.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси