-->
-->
САД научници: Симптомите на новиот коронавирус се појавуваат во просек за пет денови
-->

Американски лекари потврдија дека симптомите на новиот коронавирус се појавуваат во просек за пет денови.
Експерти од Универзитетот „Џон Хопкинс“ анализирале случаи на заразени со Ковид-19 во Кина и други држави. Докажале дека најголем дел од луѓето развиле симптоми во петтиот ден или околу тој ден. Ако човек нема симптоми до 12 ден, најверојатно нема да се разболе, но се уште може да биде преносител.
Тие препорачуваат луѓето кои можеби се заразени, независно дали ќе пројават симптоми или не, да се самоизолираат 14 денови за да не го шират вирусот.
Специјалистите нагласуваат дека има уште многу непознаници за вирусот, на пример – колку луѓе од заразените развиваат симптоми. Најголем дел од заразените се разболуваат полесно. Болеста може да биде сериозна и опасна најчесто за возрасни луѓе со хронични заболувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
