САД му се закануваат на Иран со воена интервенција поради производство на нуклеарно оружје
САД се заканија дека ќе применат воена сила против Иран доколку дипломатијата не успее да го спречи Техеран да произведува нуклеарно оружје, првпат реагирајќи на израелските предупредувања кон Иран.
– Вашингтон смета дека дипломатското решение е најдобриот начин да се спречи Исламската република да стане нуклеарна сила, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен на заедничката прес-конференција со израелскиот колега Јаир Лапид во Вашингтон.
Тој покажа поголемо нетрпение отколку порано, во момент кога преговорите за спасување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма потпишан во 2015 година се во прекин од јуни, во очекување Техеран да се врати на преговарачка маса.
– За дијалог се потребни двајца и досега не видовме дека Иран е подготвен да разговара“, изрази жалење државниот секретар, оценувајќи уште еднаш дека „временската рамка“ за враќање во договорот е „се потесна“.
Блинкен одговарајќи на прашањето за евентуална употреба на сила, истакна дека САД „се подготвени да се свртат кон други опции доколку Иран не го промени правецот“ и ќе бидат разгледани сите можни решенија.
– Кога велам „други опции“, мислам дека на сите им е јасно за што станува збор, нагласи американскиот државен секретар.
Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид беше уште појасен во име на еврејската држава, која долго време е против договорот од 2015 година, сметајќи дека е недоволен.
Министерот за надворешни работи на Израел пристигна во Вашингтон со намера да побара од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „заменски план Б“ во случај на дипломатски неуспех.
Ново на Сител
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
