САД ќе отворат нови центри за бегалци во Ирак и Либан
Американската администрацијата ќе отвори нови центри за регистрација и проверка на бегалци од Сирија пред нивно испраќање на територија на САД.
Одлуката доаѓа откако во септември претседателот Обама најави дека САД ќе преземат дополнителни 10.000 сириски бегалци во 2016 година.
Американскиот стејт департмент објави дека ќе биде отворен центар за проверка на бегалци во ирачкиот град Ербил пред крајот на годината, а следната година повторно ќе почне со работа таквиот центар во Бејрут.
Белата куќа не соопшти колку дополнителни бегалци ќе примат САД над бројката од 10.000, но според претставници на американската администрација се бараат начини за таа бројка да се зголеми.
Стејт департментот има девет центри за проверка на бегалци во светот. Таму вработени од Министерството за внатрешна безбедност проценуваат кои бегалци може да бидат примени во САД.
Ново на Сител
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа