САД ќе издвојат итна помош за енергетската инфраструктура во Украина
На маргините на состанокот на НАТО во Романија се очекува САД да објават „значајна“ финансиска помош за Украина, за да и помогне да се справи со штетата што Русија и ја нанесе на нејзината енергетска инфраструктура, најавија високопоставени американски претставници.
Помошта што детално ќе ја презентира државниот секретар Ентони Блинкен, ќе биде значителна и нема да биде конечна, изјави за новинарите високопоставен американски функционер кој не сакаше да биде именуван ниту да ја открие предвидената сума или други поединости.
Сепак, тој посочи дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден одвоила 1,1 милијарда долари од буџетот за енергија за Украина и Молдавија. Таа помош беше најавена за меѓународната конференција на кредиторите за поддршка на граѓанскиот отпор на Украина закажана за 13 декември во Франција.
На почетокот на октомври Русија започна голема кампања ракетни напади насочени кон енергетската инфраструктура низ Украина. Според податоците обезбедени од украинската Влада, во нападите се оштетени меѓу 25 и 30 проценти од енергетската инфраструктура во земјата.
„Она што го прават Русите се напади врз трансформаторите под висок напон, а не само централите, со цел да го нарушат целиот процес – од производство до дистрибуција“, рече американски функционер.
Министрите за надворешни работи на НАТО денеска и утре се состануваат во Букурешт, а една од главните теми на состанокот ќе биде поддршката на Алијансата за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
Ново на Сител
-
ЕУ со нов 17. пакет санкции против Русија
-
Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип - Кочани
-
Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Најмалку тројца ученици повредени во напад со нож во училиште во Финска
-
Уставниот суд го укина членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на ЈО
-
Меѓусебни обвинувања на поранешниот и сегашниот министер за земјоделство, шумартсво и водостопанство за лоши политики и мерки
-
Костадиновски: Во овој момент нема правно правило по кои услови независните кандидати ќе учествуваат на изборите, во најскоро време да се пополни оваа празнина
-
Општата болница – Кочани се соочува со недостиг од персонал, лекари од Скопје ја почнаа евалуацијата на повредените