САД: Ќе испратиме запленето иранско оружје на Украинците
САД испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти американската војска.
Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, објави дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 мм.
-САД се посветени да работат со нашите сојузници и партнери за да го потиснат протокот на иранска смртоносна помош во регионот со сите правни средства, вклучително и санкции и забрани од САД и ОН, се вели во соопштението на Централната команда.
Американската морнарица со години запленувала оружје за кое се верува дека доаѓа од Иран за борците поддржани од Иран во Јемен, обично транспортирано со рибарски чамци.
Муницијата која потекнува од иранската револуционерна гарда и е наменета за силите на Хутите во Јемен беше запленета од американската морнарица во декември 2022 година.
Ново на Сител
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
