Свет
16. јуни 2016 - 8:38

САД ќе и доделат на Украина оваа година уште 220 милиони долари за реформи

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден разговарал со премиерот на Украина, Володимир Гројсман за реформи што ги спроведува Киев како и исполнувањето на договорот од Киев. Тоа го соопшти прес службата на Белата куќа по разговор меѓу двајцата политичари.

САД ќе и доделат на Украина уште 220 милиони долари помош оваа година за реформи во политичката, економската и енергетската сфера.

Помошта треба да биде одобрена од Конгресот. Бајден изразил силна поддршка за реформите од владата на Гројсман која е на власт веќе два месеца.