САД ја поздравија одлуката на ЕУ да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија
САД ја поздравија одлуката на Европската унија да ги отвори преговорите за членство со Украина и Молдавија, соопшти Стејт департментот.
Тие, исто така, ја поздравија одлуката на ЕУ да и додели на Грузија кандидатски статус за членство во ЕУ.
„САД продолжуваат силно да го поддржуваат процесот на проширување на ЕУ и со нетрпение очекуваме да ги поддржиме земјите-кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ додека тие продолжуваат со клучните реформи на патот кон членство во ЕУ“, се вели во соопштението.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на социјалната мрежа Х објави дека Европскиот совет одлучил да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија и дека Грузија добила кандидатски статус.
„ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе го достигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство“, рече Мишел.
Засега не се познати детали кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција за пристапување, ниту кога ќе биде усвоена преговарачката рамка.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
