САД ја повикаа Бугарија да ги исполни своите обврски за заштита на човековите права
Американскиот амбасадор во Софија работи да се обрне внимание на проблемите со прекршување на човековите права во земјата, рече на денешниот распит во Претставничкиот дом Габриел Ескобар, претставник на Стејт дeпартментот за Западен Балкан. Распитот беше на тема ангажманот на САД во Западен Балкан.
Ескобар ова го кажа одговарајќи на прашање за правата на македонското малцинство во Бугарија од конгресменката Клаудија Тени, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Северна Македонија и македонско-американската заедницa.
Републиканската конгресменка Тени, која има големо искуство со дипломатска работа и присуство во регионот, истакна дека постојат 16 пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права во однос на нарушување на правото на мирни собири и здружување на македонското малцинство во Бугарија.
Што прави администрацијата да осигура дека Бугарија, како НАТО членка, ги исполнува своите обврски, во однос на овие нарушувања на човековите права, го праша таа Ескобар.
–Нашиот амбасадор во Софија заедно со нејзините европоски партнери работи на тоа да се адресираат овие проблеми. Нашето партнерство со европските партнери е засновано на вредности, не само заедничкиот интерес, туку и споделените вредности, и сѐ што ја нарушува таа врска е од голема загриженост за нас, рече тој.
На сослушувањето, Ескобар изјави дека најсилната порака што ЕУ може да ја прати сега е да закаже датум за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија пред крајот на оваа година. Потенцираше дека двете држави ја завршиле тешката работа што била потребна, и оти одложувањето на пристапниот процес поттикнува сомнеж во европската иднина на регионот.
Ново на Сител
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти
-
Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
-
Мексико се уште преговара со Трамп за царините
-
Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот