САД ја обвинија Русија за хакирање на нивната електродистрибутивна мрежа
Американската Администрација синоќа ја обвини Русија за континуирана кампања на кибер напади врз електродистрибутивна мрежа на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
- Нападите од страна на руски хакери започнале во март 2016, а можеби и порано. Цел била американската инфраструктура - енергетски, нуклеарни и комерцијални постројки, како и објекти за водоснабдување, воздухопловство и производство, се вели во безбедносното предупредување што го објави Стејт департментот.
федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за национална безбедност објавија дека цел на „руски владини кибер напади“ биле и мрежите на помали комерцијални објекти.
- Во нив се вметнувале штетни програми за далечински влез во мрежите на енергетскиот сектор, се вели во предупредувањето.
Ова е првпат Вашингтон директно да ја обвини Москва за агресија во кибер прострот на американските индустриски сектори.
Официјални разузнавачки лица неодамна обвинија дека Кремљ непречено врши хакерски операции против Западот „кога и да посака“.
Ова предупредување дојде откакао американското Министерство за финансии вчера воведе санкции против 19 Руси и пет компании и агенции, меѓу кои и руски разузнавачки служби, поради вмешаност во претседателските избори во 2016, но и за „други кибер напади со штетни програми во Европа и САД“.
Кремљ негира каква било вмешаност на руски владини службеници во хакерските напади и порача дека ќе преземе реципрочќни мерки на новите санкции од Вашингтон.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши