САД изразуваат подготвеност за делумно обновување на финансирањето на СЗО

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена за делумно враќање на финансирањето за Светската здравствена организација (СЗО), јави „Фокс њуз“.
Според медиумот, администрацијата ќе се согласи да плати иста сума колку што изнесува и проценетиот придонес на Кина.
Трамп на 14 април привремено го прекина финансирањето на СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека ги промовира „кинеските дезинформации“ за пандемијата на коронавирусот и порачувајќи дека неговата администрација ќе ја разгледа работата на СЗО.
Официјални претставници на СЗО ги негираа обвинувањата, а Кина неколку пати инсистираше на тоа дека постапувала транспарентно и отворено за време на кризата во земјата, пренесуваат британските медиуми.
САД се најголемиот донатор на СЗО. Доколку американскиот придонес се изедначи со кинескиот, новото ниво на финансирање ќе изнесува околу една десетина од претходно доделените средства од околу 400 милиони долари годишно, наведува „Фокс њуз“.
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
