-->
-->
САД испраќаат авиони Ф-22 во Европа поради руската закана
-->

Американското воздухопловство наскоро ќе испрати во Европа „невидливи“ воени авиони Ф-22, како поддршка за европските сојузници кои се загрижени поради руската агресија.
Началникот на штабот на американските ВВС, Марк Велш изјави дека европските сојузници ги унапредиле своите воени авиони и сакаат да се уверат дека можат заедно со американските летала да учествуваат во операциите.
Овој план подразбира и дополнителна обука за летови над европскиот континент.
Секретарката на американското воено воздухопловство, Дебра Ли Џејмс истакна дека САД и нивните сојузници се многу загрижени поради руските воени дејствија во Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
