САД и Русија разговараат за Украина, НАТО и европската безбедност
Американската заменик државна секретарка Венди Шерман за време на средбата со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на работна вечера во Женева изјави дека прашањето за европската безбедност не може да се реши без европските сојузници.
Шерман е шефица на американската делегација на преговорите што ќе се одржат во швајцарскиот град на тема Украина и безбедносните гаранции што Русија ги бара од САД и НАТО, додека шеф на руската делегација е Рјабков.
– Заменикот државен секретар потврди дека САД ќе го поздрават општиот напредок преку дипломатијата. САД ќе разговараат за одредени билатерални прашања со Русија во рамките на Стратешкиот дијалог за стабилност, но нема да разговараат за европската безбедност без нашите европски сојузници, изјави портпаролот на Белата куќа Нед Прајс.
Прајс додаде дека Шерман рекла оти одредени теми ќе бидат оставени за преговорите НАТО-Русија во Брисел на 12 јануари, како и за состанокот на ОБСЕ во Виена на 13 јануари, на кој ќе присуствуваат и делегациите на САД и Русија.
Ново на Сител
-
Танкер со нафта се запали во Северното море откако се судрил со товарен брод
-
Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
-
Поради сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1