Свет
29. September 2015 - 20:26

САД и Русија постигнаа согласност за политиката кон Сирија

САД и Русија постигнаа согласност за некои основни принципи за политиката кон Сирија.

- Постигнавме согласност со Русија за единствена и секуларна Сирија и за борба против Исламска држава, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

Тој наведе дека „сите знаат дека Сирија е во опасност и оти светот сака решение“.

- Ние бараме допирни точки, со кои ќе ја организираме транзицијата и да се договориме за резултатот, посочи Кери.

Тој истакна дека средбата меѓу претседателите на САД и на Русија како „конструктивна и коректна“