САД и Русија договораат воведување дирекна врска за комнукација околу Сирија
САД и Русија започна првична размена на мислење околу можноста за воведување дирекна врска за комнукација околу случувањата во Сирија на ниво на високи воени претставници, соопшти синоќа портпаролот на Здружениот генералштаб на американските Вооружени сили, Грегори Хикс.
Тој нагласи дека била одржана работна средба на воени претставници на двете земји на која ги разгледале можностите во воспоставување на ваква врска, со цел да се намали ризикот од меѓусебна конфронтација на територијата на Сирија и во воздушниот простор на оваа земја.
Хикс не прецизира кога била одржана „работанта средба“ и каде.
Претходно, началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, Џозеф Данфорд изјави дека на средбата со неговите колеги од Русија и Турција, што пред неколку дена се одржа во Анталија, станало збор за започнување на дијалог „на ниво на генерал-потполковници“ за спречување на инциденти меѓу армиите на трите држави.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно