САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка

Преговарачките тимови на САД и Кина постигнале начелна согласност за заедничка рамка за надминување на трговските разлики, која сега треба да биде одобрена од претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг.
– Двете страни се согласија на заедничка рамка и ќе ја презентираат пред своите лидери, изјави кинескиот претставник за меѓународна трговија Ли Ченган по дводневната средба во Лондон.
Американскиот министер за трговија Хауард Латник објасни: „Ние ќе се вратиме и ќе разговараме со претседателот Трамп за негово одобрување, а тие ќе направат истото со претседателот Си.“
Клучно прашање во преговорите се ретките земните метали од Кина – стратешки суровини за батерии, ветроелектрани и одбранбени технологии. САД бараат враќање на обемот на испораки на ниво што бизнисите го сметаат за оптимален, истакна економскиот советник Кевин Хасет.
Ново на Сител
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
