САД и Кина почнаа преговори за кибер безбедноста

САД и Кина веќе неколку недели водат преговори за прашања поврзани со кибер безбедноста, кои би можеле да завршат следната недела со склучување билатерален договор во оваа сфера, објави весникот „Њујорк Тајмс“.
Според њушоркиот весник, евентуалниот договор за кибер безбедноста меѓу САД и Куба би можел да биде потпишан за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Вашингтон.
Повикувајќи се неименувани дипломатски извори, „Њујорк Тајмс“ наведува дека договорот би се однесувал на спречување кибер напади врз електроцентрали, телекомуникациски ситеми и болници. Сепак, според весникот, тој нема да претставува никаква гаранција за спречување на кибер напади врз воени капацитети, индустриска шпионажа и кражба на интелектуална сопственост., за што САД често ја обвинуваат Кина.
Според најавите од Вашингтон, прашањата поврзани со кибер безбедноста ќе бидат една од главните теми на средбата на Си со американскиот претседател Барак Обама, што ќе се одржи следната недела во Вашингтон.
Во меѓу време, информатички експерти посочуваат дека кибер нападите од кинеска страна врз американски компании значително се намалиле во последниве неколку месеци, што се поврзува со американско-кинеските преговори за кибер безбедноста и очекуваната средба меѓу Обама и Си.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
