-->
-->
САД и Јужна Кореја почнаа заеднички воени вежби
-->

САД и Јужна Кореја започнаа заеднички воени вежби под кодното име „Улчи - бранител на слободата“, за кои постои стравување дека можат да ги зголемат тензиите на Корејскиот Полуостров, објави Би-Би-Си.
Маневрите ќе продолжат до 31 август и ќе вклучуваат компјутерски симулации за да се подготват против евентуален напад од Северна Кореја. Тие вклучуваат 50.000 јужнокорејски војници и речиси 17.500 американски војници.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин изјави дека вежбите се целосно одбранбени и не се наменети да предизвикаат тензии во регионот.
Но, Северна Кореја ги смета за проба за инвазија на нејзинаттериторија. Тамошните медиуми вежбите ги оквалификуваа како „несовесни“ акции, што може да доведат до нуклеарна војна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
-

Авантуристички туризам - нов прозорец кон развој
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
