САД и Иран не разговараат за привремен нуклеарен договор
САД и Иран не разговараат за привремен нуклеарен договор, но Вашингтон ги информираше иранските власти за тоа што можат да направат за да ги подобрат билатералните односи, јавија западни агенции, цитирајќи извор од американската влада.
„Нема разговори за привремен договор“, рече американскиот функционер.
Минатата недела САД информациите дека земјите се блиску до привремена спогодба ги нарекоа „лажни и погрешни“, но не ја негираат можноста за разговори во таа насока.
Американскиот претставник не ги негираше медиумските извештаи за неодамнешните контакти меѓу Вашингтон и Техеран, но ги опиша како неточни претпоставките дека станува збор за привремен нуклеарен договор.
„Им објаснивме кои чекори за ескалација треба да избегнуваат за да спречат криза и какви активности за деескалација можат да преземат за да создадат попозитивен контекст“, додаде тој, без да образложи. Сепак, изворот посочи дека Вашингтон би сакал да види поголема соработка од Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Ново на Сител
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес