САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировници на ОН во Либан
САД и европските сили го повикаа Израел да ја осигура безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица беа повредени во израелски напади во јужен Либан изминатата недела.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „апсолутно“ бара од Израел да престане да пука кон мировниците, по вториот напад врз персоналот на силите за два дена.
Во телефонски разговор со неговиот израелски колега, американскиот министер за одбрана Лојд Остин ја истакна „важноста од обезбедување на сигурноста“ на силите на Обединетите нации, познати како УНИФИЛ, соопшти Пентагон.
По неколкунеделни засилени напади врз либанската милитантна група Хезболах, Остин исто така го повика Израел „да се сврти од воени операции на дипломатски пат што е можно поскоро“.
И Европа упати остри критики кон Израел, јави ДПА.
Лидерите на Италија, Франција и Шпанија во заедничка изјава изразија „гнев“ поради „неоправданите“ напади на Израел врз мировниците и побараа тие „веднаш да прекинат“.
Германското Министерство за надворешни работи ги нарече „неприфатливи“.
Ново на Сител
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет