САД и Азија – пречки и во 2016 година
Администрацијата на претседателот Обама ќе се соочи со предизвици додека се обидува дополнително да се ангажира во азиско-пацифичкиот регион, без зголемување на тензиите со Кина.
Се очекува Белата куќа да биде домаќин на лидерите на азиско-пацифичките земји идната година, додека САД продолжуваат да ја зголемуваат американската моќ и влијанието во таа област.
Претседателот Обама вели дека Америка мора да биде поврзана со азиско-пацифичкиот регион.
„Азиско-пацифичкиот регион е апсолутно од клучно значење за промовирање на безбедноста, просперитетот и човековото достоинство во светот. Затоа посветив многу од мојата надворешна политика за јакнење на американското ангажирање во тој регион‟.
Во обид да ги зацврсти САД како лидер во тој регион, Обама беше домаќин на регионалните лидери во Белата куќа и се состана со другите во текот на многубројните посети во тој регион.
Но, целта на САД да создадат мирен и просперитетен азиско-пацифички регион исто така зависи и од Конгресот и од тоа дали законодавците ќе го ратификуваат трговскиот договор од 2016 година. Овој сеопфатен трговски договор се соочува со силна опозиција. Аналитичарот Кристофер Џонсон:
„Во многу делови на Азија, економијата претставува безбедност‟.
Поморските спорови во Јужното Кинеско Море и понатаму ќе претставуваат предизвик – вели аналитичарот Марк Ноланд.
„Кинеските територијални претензии и други активности создадоа нервоза меѓу помалите држави во регионот, така тие не го поддржуваат присуството на САД. Во исто време, тие не сакаат да бидат вовлечени во судир меѓу САД и Кина‟.
САД мора да бидат внимателни, вели Џонсон.
„Тоа е прашање на балансирање, така да кажам, партнерите и сојузниците, посебно во југоисточна Азија но и ширум Азија, да се убедат дека можат да сметаат на САД да ги поддржат воените обврски во врска со растечките кинески активности во регионот, но во исто време Кинезите да се убедат дека таа стратегија не штети на нивните интереси во регионот‟.
САД се обврзаа да помогнат на земјите од југоисточна Азија да изградат свои поморски способности и ја повикаа Кина да спречи создавање на вештачки острови, изградба и милитаризација на спорните области во Јужното кинеско море.
Безбедноста во сајбер просторот и понатаму ќе биде извор на тензии меѓу двете глобални сили, вели Џонсон. САД веруваат дека Кина е поврзана со се поголем број случаи на сајбер шпионажа против владата и бизнисот. Пекинг тоа го негира.
„Мислам дека ќе има поголем политички притисок на администрацијата да воведе санкции против кинеските корисници на сајбер шпионажата, а кога ќе се случи тоа, Кинезите веројатно ќе возвратат‟ - вели Кристофер Џонсон.
По патувањето во југоисточна Азија во ноември, претседателот Обама рече дека САД се подготвени на идно јакнење на врските, додека лидерите од тој регион се подготвуваат да ја посетат Белата куќа во текот на 2016 година.
Ново на Сител
-
Mнозинството пратеници со недоверба за членовите на Судскиот совет, СДСМ и ДУИ ја напуштија расправата
-
Интерпелации во Собрание, а Судски совет во редовна работа
-
Таравари не дава „Ѓока констракшн“ да стопанисува со паркингот на Клинички - го поништи огласот
-
Одбележани 82 години од депортацијата на македонските евреи во логорот Треблинка
-
Интерпелациите на петте членови на Судски совет пред пратениците
-
СДСМ бара ДКСК да ги истражи тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
82 години од депортацијата на македонските евреи
-
Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на клинички