-->
-->
САД: Хамас се обврза да ослободи уште 20 лица во текот на два дена
-->
САД потврдија дека Израел и Газа се согласиле да го продолжат договорот за примирје – при што портпаролот за национална безбедност Џон Кирби рече дека Хамас „се обврзал да ослободи уште 20 жени и деца во следните два дена“.
Како што пренесе Би-Би-Си, Кирби процени дека осум до девет од преостанатите заложници се Американци и рече дека се надева оти Американците ќе бидат меѓу ослободените подоцна денеска.
Тој рече дека спорот околу денешните очекувани ослободувања е околу тоа „дали две мајки би можеле да излезат со своите деца“, но, според него, сега „изгледа дека тоа е решено“.
Досега е ослободена само една американско-израелска државјанка, четиригодишната Авигејл Ајдан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фетаи потврди: Уставните судии албанци ќе бојкотираат за Законот за јазици
-
Tема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
Касаноф: САД силно ја поддржуваат Македонија во интеграциите и борбата со корупцијата
-
Новогодишната кошница содржи 675 производи – нема казни, граѓаните ќе бидат инспектори дали цените се намалени
-
Институциите немоќни да се справат со еден ученик, третоодделенецот испразни цело училиште
-
Мицкоски на средба со Касаноф, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан
-
Бугарско вето и за Србија, има ли начин споровите од минатото да не бидат пречка за интеграција?
-
Мицкоски: Екстремите како ДУИ треба да се изолираат