САД го укинаа ембаргото за извоз на оружје во Виетнам

САД целосно ја укинаа забраната за продажба на оружје за Виетнам, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама за време на официјалната посета на Ханој, означувајќи го со тоа крајот на повеќедецениското ембарго на Вашингтон кон некогашниот непријател.
- САД целосно ја укинаа забраната за продажба на воена операма на Виетнам, која беше во сила околу 50 години, рече Обама на заедничката прес-конференција со виетнамскиот колега Тран Дај Кванг.
Официјален Вашингтон во 2014 година делумно го укина тоа ембарго, но виетнамските власти сакаа негово целосно укинување, со оглед на кинеските територијални претензии и активносите на кинеската војска во спорното Јужно Кинеско Море.
Обама истакна дека одлуката за укинување на ембаргото на извоз на оружје за Виетнам не е донесена врз основа на односите со Кина, туку на желбата да се стави крај на долгиот процес за нормализација на односите меѓу САД и Виетнам.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
-

Нова индустриска зона на влезот од Штип
-

Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
-

Преглед на вестите од светот
